Home Спорт Сите му се смеат на овој атлетичар: Фрлаше ѓуле, па можеше да убие некого!

Сите му се смеат на овој атлетичар: Фрлаше ѓуле, па можеше да убие некого!

Српскиот фрлач на ѓуле Асмир Колошинац на духовит начин го прокомнетира својот настап на Европското првенство и најлошиот резултат во третата серија.

За Колошинац се мислеше дека може да стигне до медал пред домашната публика, но тој не се избори ни за финале. Во квалификациите фрли 19.96 што беше доволно за 11-то место.

Но, српскиот борач остана запаметен по најбизарната сцена во ова натпреварување. Имено, тој толку лошо го фрли ѓулето, што тоа заврши позади заштитната ограда на атлетската стаза.

Неговото фрлање веднаш стана вирално на интернет и многумина си тераа мајтап со него, а инетерсно е дека Колошинац и самиот се пошегува на своја сметка.

„Единствено добро во целата работа е што не убив никого со куглата во третата серија“, изјави Колошинац.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…