Home Шоубизнис Шенон Доерти после хемотерапијата: Ракот за мене е благослов

Шенон Доерти после хемотерапијата: Ракот за мене е благослов

Ѕвездата од култната хит тинејџерска серија од ’90-те години, Beverly Hills 90210, Шенон Доерти, вели дека се чувствува одлично и дека е многу среќна после третманот на кој беше подложена поради карцином на дојката.

Карциномот на Доерти ѝ беше дијагностициран во 2015 година, а неодамна на Инстаграм објави дека завршила со хемотерапијата и зрачењето. Во истата објава наведе дека да види дали е здрава или не.

„Се чувствувам одлично, среќна сум што сум овде. Карциномот за мене, колку и да беше тежок, беше благослов. Засекогаш ме промени, ми го промени начинот на живот онака како што не сум можела ни да замислам“, вели актерката.

A post shared by ShannenDoherty (@theshando) on

После завршувањето на хемотерапијата, 45-годишната актерка прв пат се појави во јавност во саботата, н а еден хуманитарен настан во Лос Анџелес. Доерти не даде повеќе информации за својата здравствена состојба, но објави видео на кое танцува, од што фановите заклучија дека е добро.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Трагични детали за ненадејната смрт на боречкиот ѕвезда Пак на 40 години

Се појавија детали за ненадејната смрт на ѕвездата на All Elite Wrestling, Бенџамин Сатерл…