Home Актуелно Молотови коктели фрлени врз Музејот на албанската азбука во Битола

Молотови коктели фрлени врз Музејот на албанската азбука во Битола

Музејот на албанската азбука во Битола утрово бил нападнат, непознати лица фрлиле три молотови коктели. Влезната врата и неколку прозорци на објектот се искршени, а на фасадата испишани се и навредливи пораки.

Музејот беше нападнат со молотови коктели од четири маскирани лица. Се обидоа да го запалат, но за среќа не успеаја. Ги искршија само стаклата, извести директорот музејот.

Граѓаните кои живеат во околните куќи изјавија дека слушнале кршење на стакло како и звук на експлозија.

Фрлија три, а еден од молотовите коктели остана улица, среќа не повреди никој, изјави граѓанин кој живее близу до музејот.

Пред неколку месеци, на денот на Албанската азбука непознати лица ги искршија стаклата од Музејот и залепија налепници со навредливи содржини, но полицијата досега не ги откри сторителите.

Во моментов полицијата го обезбедува местото на настаноти се очекува екипа на СВР Битола да изврши увид. Засега нема никакви информации кој се сторителите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…