Актуелно

48.000 евра за испитување на задоволството на пациентите

Министерството за здравство распиша тендер за мерење на задоволството на пациентите и евалуација на квалитетот на здравствените услуги.

Проценета вредност на тендерот е 2.900.000 денари или 47.540 евра.

Критериум за доделување на тендерот е најниска цена.

Ова е трета година по ред како министерството го мери задоволството на граѓаните од Јавните здравствени установи.

Изминатите две години истражувањето му беше доделено на Интитутот за политички истражувања (ИПИС).

To Top