Што ако во авионот нема место за седење за некој патник – еве таква ситуација


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На летот од Пакистан до Саудиска Арабија, наводно имало толку многу патници што некои од нив стоеле во преминот меѓу седиштата, бидејќи екипажот на авионот дозволил качување дополнителен број патници.

Патниците наводно успеале да се качат во авионот со рачно напишани билети пред полетувањето на 20 јануари.

Истрагата се води во врска со тоа како екипажот на пакистанскиот „Интернешнл ерлајнс“ дозволи патниците да се качуваат кога капацитетот на седиштата бил пополнет.

Авионот смее да носи само 409 патници, но овој авион слетал со 416 патници, според пакистанскиот весник „Даун“. На официјалната листа на патници ги немало имињата на дополнителни патници.

Капетанот на летот Анвар Адил изјави за медиумите дека тој дознал за дополнителниот број патници, дури по полетувањето кога веќе било доцна за реагирање.

– Вишиот балгајник на авионот (член на екипажот) не ги спомна дополнителни патници пред затворање на вратата на авионот. Поради тоа по полетувањето непосредното слетување назад во Карачи не беше возможно. Мора да се земе предвид фактот дека таквото слетување назад во Карачи веднаш по полетувањето ќе довело до премногу потрошено гориво, што никако не е во интерес на компанијата, наведува капетанот.

Возењето со дополнителни патници, кои притоа немаат свои седишта е екстремно опасна и сериозна ситуација, затоа што во случај на опасност за нив нема да има маски за кислород.

Потпаролот на компанијата изјави дека ќе бидат преземни соодветни мерки за одговорност.