Home Спорт Шпанците се нови европски шампиони во кошарка

Шпанците се нови европски шампиони во кошарка

Шпанската кошаркарска репрезентација по четврти пат се искачи на европскиот кошаркарски трон. Избраниците на селекторот Серџо Скариоло вечерва во финалето на Евробаскет 2022 ја совладаа Франција со 88:76.

Хуан Хернангомез со 27 поени беше најефикасен во победничкиот состав, Еван Фурние со 23 се истакна во поразениот тим.

Шпанците клучната разлика ја направија во првото полувреме (+21), Французите се вратија до три негатива, но немаа сили за целосен пресврт.

Шпанија до трофејот на 41. Европксо првенство стигна со само еден пораз, од Белгија во групната фаза.

Во предигра на големото финале, Германија ја победи Полска со 82:69.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…