Пренос во живо на погребот од кралицата Елизабета Втора


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вратата на Вестминстерската опатија, каде што се наоѓа ковчегот со телото на кралицата Елизабета Втора, е затворена, пренесува „Би-Би-Си“.

Стотици илјади луѓе кои дојдоа во Лондон од цела Британија и од различни делови на светот можеа да и оддадат почит на кралицата од средата навечер до 7:30 утрово, кога вратите на салата беа затворени за јавноста.

Стражарите стоеја по шест часа покрај ковчегот, наизменично, но сега, кога вратите се затворени, започнаа последните подготовки за државниот погреб, кој започна во 11:00 часот по локално време.

Елизабета Втора почина на 8 септември на 97-годишна возраст, а се очекува денеска на улиците на Лондон да има милион луѓе кои ќе ја придружуваат кралицата до нејзиниот вечен одмор.