Home Спорт Шокантен предлог: Тепачките на хулиганите да станат спорт!

Шокантен предлог: Тепачките на хулиганите да станат спорт!

Рускиот политичар и пратеник во Думата од редовите на екстремно Либерална-демократска партија на Русија, Игор Лебедев, предложи формирање на нова спортска дисциплина, тепачки на хулигани.

Русија наредната година ќе биде домаќин на Светското првенство во фудбал, а организаторите и ФИФА стравуваат дека би можело да има повотрување на сцените од минатогодишното Европско првенство.

Пратеникот Лебедев има предлог, воведување на нова спортска дисциплина со која хулиганите би биле под контрола.

„Знаејќи дека нашите навивачи се борци, а не хулигани, навивачките борби би можеле да станат спорт. Кога можеше борбата „еден на еден“ да стане спорт, зошто не може и ова. Само треба да се воведат правила и да се започне со тимско натпрварување. На тој начин би се канализирала навивачката агресивност“, изјави Лебедев

Овој политичар го има и разработено планот како би изгледале борбите.

„Англиските навивачи би можеле да го прифатат нашиот предизвик. На секоја страна би имало по 20 навивачи. На нашиот интернет сајт може да ги погледнете правилата“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…