Северна Кореја го поместување мерењето на времето за 30 минути – еве ја причината


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун, даде ветување дека ќе го помести мерењето на времето во неговата земја за 30 минути понапред само за да се изедначи сметањето на времето во Северна и во Јужна Кореја.

Оваа изјава ја соопшти во петокот, за време на самитот со јужнокорејскиот претседател Мун Јае-ин.

Двете Кореи од 2015 година не го сметаат времето на ист начин, кога Северот изненадувачки објавил дека сите часовници во земјата ќе бидат поместени наназад за 30 минути.

Тогаш Пјонгјанг објаснил дека сака да прекине со сметањето на времето кое пред повеќе од еден век го наметнале јапонските колонизатори и на тој начин да ја одбележи 70-годишнината од ослободувањето од јаремот од Токио.

Според портпаролот на јужнокорејскиот претседател, Ким ветил дека ќе ги врати севернокорејските часовници на претходното време по повод историскиот самит кога стана првиот севернокорејски челник што стапнал на јужнокорејско тло по Корејската војна (1950 – 1953).

Ким објаснил дека е „жалосно“ да се гледа на два часовници со различно време во просторијата каде што се одвивала средбата во Панмунџом, село во демилититаризирана зона што го двои полуостровот.

„Со оглед на тоа што ние сме тие кои го променија стандардното време, ќе се вратиме на оригиналното време. Можете тоа јавно да го објавите“, изјавил Ким Јонг-ун, според портпаролот којшто ја поздравил таа „симболична мерка“.