Сензација во Шпанија: Реал Мадрид елиминиран од Копа дел Реј од третолигашка екипа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во рамки на шпанското фудбалско натпреварување Копа дел Реј, гигантот Реал Мадрид доживеа вистински шок и срамна елиминација од третолигашот Алкојано, кој испиша историја со победата од 2-1 над шпанскиот шампионски тим, и тоа во ситуација кога третолигашот играше со играч помалку.

Не треба да се каже дека избраниците на Зидан беа огромни фаворити во овој дуел. Истиот така и започна, со водство на Милитао донесе предност за „кралевите“ во финишот на првиот дел, но Алкојано не се предаде и изедначи во 81. минута со голот на Солбес.

Мечот отиде во продолженија, а таму Хуанан во 115 минута донесе предност од 2-1, и тоа во моменти кога домаќините имаа играч помалку на теренот, Рамон Лопез беше исклучен во 110 минута.