Што може да го остави Трамп без претседателска пензија од над 221.000 долари годишно и други бенефиции?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На бившиот претеседател на САД, Доналд Трамп, после завршувањето на претседателскиот мандат, му следува пензија од над 221.000 долари годишно како и други бенефиции далеку повредни од парите.

Меѓутоа, една работа може да го остави Трамп без овие следувања. Имено, ако Сенатот го потврди неговото отповикување, тој би можел да изгуби сè што му следува како поранешен претседател на САД.

Оние чиј претседателски мандат заврши со смена преку т.н процес. законот за импичмент не предвидува пензија.

„Ако Сенатот го осуди Трамп и го потврди отповикувањето, се чини дека ќе биде потребно уште едно гласање за да му се одбијат пензиите и надоместоците што го следат со закон“, објасни Мајкл Герхард, професор по право на Универзитетот во Северна Каролина – пренесува Си-Ен-Ен.

Експертите објаснуваат дека дури и Трамп да биде прогласен за виновен на даденото судење, тој технички не може да биде сменет од позицијата претседател бидејќи тој повеќе не е официјално претседател на Соединетите држави. Затоа, ќе биде потребно дополнително судење за да му се одземе правото на пензија.

Ваквото последователно судење ќе мора да го лиши од функцијата „поранешен претседател“, објаснува професорот по право.

Покрај пензионирањето, други привилегии на кои Трамп може да смета се пари за патување, канцелариски простор и персонал, што би можело да изнесува над милион долари годишно за поранешниот претседател. Поранешните претседатели Клинтон, Буш и Обама трошат повеќе од половина милион долари годишно на канцеларии.