Првите политички потези на Бајден – САД вратени во СЗО и Парискиот климатски договор, укината и изградбата на ѕидот со Мексико


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


46. американски претседател Џо Бајден, веднаш што стапи на функција, ги повлече првите политички брзи потези поништувајќи дел од политики на Доналд Трамп. Ова следуваше неколку часа откако положи заклетва за нов претседател на САД.

Со својот прв чин откако влезе во Белата куќа, Бајден потпиша 15 извршни уредби поврзани со пандемијата на коронавирусот, климатските промени и имиграцијата.

-Нема време за губење кога треба да се бориме против кризите со кои се соочуваме. Ќе преземеме акции не само за да ги поништиме најголемите штети на администрацијата на Трамп, туку и да ја придвижиме нашата земја напред, напиша Бајден на Твитер откако го презеде официјалниот претседателски профил.

Бајден нареди да се носи маска и да се почитува социјално дистанцирање во федералните објекти и го прекина процесот на излегување на САД од Светската здравствена организација. Неговиот план е 100 милиони Американци да се вакцинираат против ковид-19 во првите 100 дена од мандатот.

Тој кажа и дека борбата против климатските промени ќе биде еден од приоритетите на неговата администрација, па прво ги врати САД во Парискиот климатски договор.

Бајден ја отповика декларацијата за финансирање на изградбата на ѕидот долж границата со Мексико и ја укина забраната за патување што важеше за некои муслимански земји.