Спорт

Русијо, спреми се, Роналдо доаѓа: Почнува Купот на конфедерации – еве ги деталните состави на репрезентациите

Со натпреварот помеѓу Русија и Нов Зеланд (во 17 часот) почнува Купот на конфедерации кој од 17 јуни до 2 јули ќе се игра во Русија. На натпреварувањето кое служи како увертира за Светското првенство, ќе настапуваат шест прваци од шесте конфедерации (UEFA – Европа, CAF – Африка, COCACAF – Средна и Северна Америка, COMMEBOL – Јужна Америка, OFC – Океанија, AFC – Азија), шампионот на светот и домаќинот.

Осумте репрезентации распоредени во две групи ќе бараат пат до врвот на 10-от по ред Куп на конфедерациите, а улогата на фаворит ја има првакот на Европа, репрезентацијата на Португалија, која во Русија стигна со познати имиња предводени од најдобриот фудбалер на светот, Кристиано Роналдо, човекот кој има огромен мотив за освојување на овој трофеј, бидејќи тој е последниот кој му недостасува во неговата ѕвездена биографија.Се надеваме дека на Роналдо нема плановите да му ги поматат проблемите кои ги има во Шпанија и медиумските тврдења кои упатуваат на тоа дека сака да си оди од Реал Мадрид, бидејќи од сите трофеи кои тој ги има освоено како играч на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Португалија, му недостасува само Купот на конфедерации и Светското првенство, па затоа слободно може да се рече – Русијо, Кристиано доаѓа!

Од освојувањето на титулата не се далеку ниту Германија и Чиле, како ни домаќинот Русија. Сепак, за светските прваци Германија тешко е да се каже колку се во можност за освојување на трофејот, со оглед на нивниот измешан состав. Но, да не забораваме, Германците се Германци – нема потценување на нивниот фудбал ниту до последниот судиски свиреж. Мотивот на Русите, пак, се одразува во фактот дека тие се домаќини и дека успехот на ова натпреварување би им дал крила и полет во наредната година на Светското првенство на кое тие се домаќини.

Првакот на Јужна Америка, Чиле, предводен од Алексис Санчез, исто така, има многу што да каже во Русија, а доста силен состав доаѓа и од Мексико, за кој настапува и опасниот Хавиер Ернандез, како и „стариот добар“ Рафа Маркез, кој со 38 години и четири месеци, ќе биде највозрасниот играч на ова натпреварување.

Играчите кои доаѓаат на Купот на конфедерациите настапуваат за 118 клуба од 30 различни земји во светот, а најмногу играчи доаѓаат од Баерн Леверкузен, Порто, Спартак Москва, Спортинг Лисабон и Велингтон Феникс, вкупно по пет од секој. Сите играчи од списокот на руската репрезентација доаѓаат од руските клубови, за разлика од играчите на списокот од Камерун од кои ниту еден не доаѓа од камерунската фудбалска лига.

Ова е прв Куп на конфередации на кој ќе настапат три земји од еден континент. Овој пат тоа се Русија како домаќин, Португалија како првак на Европа и Германија како светски прваци. Најтрофејната земја во историјата на ова натпреварување е Бразил со четири титули, а втори во тој попис се Французите со две титули. По еднаш шампиони биле Аргентина, Данска и Мексико.Покрај Крестовскиот стадион во Санкт Петербург (68.000 места), каде денес се отвора ова натпреварување со дуелот меѓу Русија и Нов Зеланд, натпреварите ќе се играат и на арената Откритие (43.000), Казан арената во Казан (45.000) и на Олимпискиот стадион во Сочи (48.000). Финалето ќе се игра на 2 јули во Санкт Петербург.Среќно отворање на ова натпреварување!

Група А

Русија (домаќин)
Португалија (првак на Европа)
Мексико (првак на Средна и Северна Америка)
Нов Зеланд (првак на Океанија)

РУСИЈА

Голмани: Игор Акинфеев (ЦСКА Москва), Владимир Габулов (Арсенал Тула), Гиљерме (Локомотив Москва)

Одбрана: Георги Џикија (Спартак Москва), Фјодор Кудрјашов (ФК Ростов), Илја Кутепов (Спартак Москва, Роман Шишкин (ФК Краснодар), Игор Смолников (Зенит Санкт Петербург), Виктор Васин (ЦСКА Москва), Дмитриј Комбаров (Спартак Москва)

Среден ред: Јури Газински (ФК Краснодар), Генис Глушаков (Спартак Москва), Александар Головин (ЦСКА Москва), Алексеј Миранчук (Локомотив Москва), Александар Самедов (Спартак Москва), Дмитриј Тарасов (Локомотив Москва), Александар Јерокин (ФК Ростов), Јури Жирков (Зенит Санкт Петербург), Руслан Камболов (Рубин Казан)

Напад: Александар Букаров (ФК Ростов), Максим Кануников (Рубин Казан), Дмитриј Полоз (ФК Ростов), Фјодор Смолов (ФК Краснодар)

ПОРТУГАЛИЈА

Голмани: Руи Патрисио (Спортинг), Бето (Спортинг), Хозе Са (Порто)

Одбрана: Нелсон Семедо (Бенфика), Седрик Соарес (Саутемптон), Пепе (Реал Мадрид), Бруно Алвеш (Каљари), Луис Нето (Зенит), Хозе Фонте (Саутемптон), Рафаел Гереро (Борусија Дортмунд), Елисеу (Бенфика)

Среден ред: Вилијам Карваљо (Спортинг), Данило (Порто), Жоао Мутињо (Монако), Пици (Бенфика), Андре Гомеш (Барселона), Адриен Силва (Спортинг), Бернардо Силва (Монако)

Напад: Кристиано Роналдо (Реал Мадрид), Рикардо Кварезма (Бешикташ), Мартинс (Спортинг), Андре Силва (Порто), Нани (Валенсија)

МЕКСИКО

Голмани: Гиљермо Очоа (Гранада), Алфредо Талавера (Депортиво Толука), Родолфо Кота (Чивас Гвадалахара)

Одбрана: Диего Рејес (Еспањол), Нестор Араухо (Сантос Лагуна), Карлос Салседо (Фиорентина), Рафаел Маркез (Атлас), Хектор Морено (ПСВ Ајндховен), Луис Рејес (Атлас)

Среден ред: Андрес Гвардадо (ПСВ Ајндховен), Џонатан дос Сантос (Виљареал), Ектор Ерера (Порто), Освалдо Аланис (Чивас Гвадалахара), Мигел Лајун (Порто), Џовани дос Сантос (ЛА Галакси), Карлос вела (Реал Сосиедад), Хавиер Акино (Тигрес)

Напад: Марко Фабијан (Ајнтрахт Франкфурт), Хавиер Ернандез (Баер Леверкузен), Раул Хименез (Бенфика), Ирвинг Лозано (Пачука), Орибе Пералта (Клуб Америка)

НОВ ЗЕЛАНД

Голмани: Стефан Мариновиќ (Унтерхаксинг), Тамати Вилијамс (Валвијк), Глен Мос (Њукасл Џетс)

Одбрана: Ендру Дуранте (Велингтон Феникс), Томас Дојл (Велингтон Феникс), Сторм Рукс (Сентрал Кост Маринерс), Мајкл Боксал (СуперСпорт Јунајтед), Кип Колвеј (Сан Хозе Ертквејкс), Теми Цимопулос (Џанина), Деклан Вајн (Ванкувер Вајткапс), Сем Брадертон (Сандерленд), Томи Смит (Ипсвич Таун), Дејн Ингам (Бризбејн Роар)

Среден ред: Бил Туилома (Марсеј), Клејтон Луис (Оукленд Сити), Мајкл МекГлинчеј (Велингтон Феникс), Рајан Томас (Зволе)

Напад: Крис Вуд (Лидс Јунајтед), Монти Патерсон (Ипсвич Таун), Шејн Смелц (Борнео), Коста Барбарусес (Велингтон Феникс), Марко Рохас (Мелбурн Виктори), Алекс Руфер (Велингтон Феникс)

ГРУПА Б

Германија (првак на светот)
Чиле (првак на Јужна Америка)
Австралија (првак на Азија)
Камерун (првак на Африка)

ГЕРМАНИЈА

Голмани: Бернд Лено (Баер Леверкузен), Марк Андре Тер Штеген (Барселона), Кевин Трап (ПСЖ)

Одбрана: Матијас Гинтер (Борусија Дортмунд), Јонас Хектор (Келн), Бенјамин Хајнрих (Баер Леверкузен), Џошуа Кимих (Барен Минхен), Шкодран Мустафи (Арсенал), Марвин Платенхарт (Херта Берлин), Антонио Рудигер (Рома), Никлас Шуле (Хофенхајм)

Среден ред: Јулиан Дрекслер (ПСЖ), Леон Горецка (Шалке), Керем Демирбеј (Хофенхајм), Ларс Штиндл (Борусија Дортмунд), Емре Кан (Ливерпул), Амин Јунес (Ајакс), Лерој Сане (Манчестер Сити), Јулиан Брант (Баер Леверкузен), Себастија Руди (Хофенхајм)

Напад: Сандро Вагнер (Хофенхајм), Тимо Вернер (Лајпциг)

ЧИЛЕ

Голмани: Клаудио Браво (Манчестер Сити), Кристофер Тосели (Универзидад Католика), Џони Ерерра (Универзидад де Чиле)

Одбрана: Еугенио Мена (Спорт Ресифе), Енцо Роко (Круз Азул), Маурисио Исла (Каљари), Пауло Дијаз (Сан Лоренцо), Жан Босежур (Универзидад де Чиле), Гери Медел (Интер), Гонзало Хара (Униврезидад де Чиле)

Среден ред: Франциско Силва (Круз Азул), Хозе Фуенсалида (Универзидад Католика), Артуро Видал (Баерн Минхен), Пабло Ернандез (Селта Виго), Фелипе Гутиерез (Интернационал), Чарлс Арангуиз (Баерн Леверкузен), Марсело Дијаз (Селта Виго)

Напад: Алексис Санчез (Арсенал), Анхело Сагал (Уачипато), Едуардо Варгас (Тигрес), Мартин Родригез (Круз Азул), Леонардо Валенсија (Палестино), Едисон Пунч (Некакса)

АВСТРАЛИЈА

Голмани: Метју Рајан (Генк), Мичел Лангерак (Штутгарт), Даниел Вуковиќ (Сиднеј ФК)

Одбрана: Милош Дегенк (Јокохама Ф Маринос), Алекс Герсбах (Розенборг), Дилан МекГовен (Пакос де Фереира), Бејли Рајт (Бристол Сити), Азиз Бехич (Бурсаспор), Рајан МекГовен (Гуижоу Хенгфенг Жиченг), Трент Сеинсбери (Интер Милан)

Среден ред: Марк Милиган (Банивас), Арон Муј (Хадерсфилд), Ајдин Хрустиќ (Гронинген), Масимо Луонго (Квинси Парк Ренџерс), Џексон Ирвин (Бартон Албион), Џејмс Џего (Штурм Грац)

Напад: Тим Кејхил (Мелбурн Сити), Метју Леки (ФК Инголштад), Томи Јуриќ (Луцерн), Роби Крус (Лиаонинг Хувин), Џејми МекЛорен (Бризбејн Роар), Џејмс Троиси (Мелбурн Виктори), Том Рогиќ (Селтик)

КАМЕРУН

Голмани: Џозеф Ондоа (Севиља), Бокве (Мјондален), Андре Онана (Ајакс)

Одбрана: Ернест Мабука (МСК Зилина), Адолфе Теикеу (Сошо), Мајкл Нгадеу (Славија Прага), Жером Гуихоата (Паниониос), Колинс Фаи (Стандард Лиеж), Луцен Овона (Алкоркон), Џонатан Нгвем (Самбизанга)

Среден ред: Андре Замбо Ангуиса (Марсеј), Мандјек (ФК Мец), Себастијан Сиани (Остенде), Арно Џум (Хартс)

Напад: Николас Нгамало (Реиндоф), Бенјамин Муканџо (Лориен), Жак Зуа (Кајзерслаутерн), Винсент Абубакар (Бешикташ), Оливер Бумал (Панатинаикос), Кристијан Басогог (Хенан Џианје), Роберт Тамбе Ндип (Спартак Трнава), Карл Токо (Ангерс)

To Top