Home Шоубизнис Ристо од Охрид ја дотера модната икона Ана Винтур

Ристо од Охрид ја дотера модната икона Ана Винтур

Македонскиот дизајнер со успешна интернационална кариера Ристо Бимбилоски стои зад плетките на новата колекција на брендот „Мејсон Маржела“ за пролет 2017. Нашиот креатор, кој родум е од Охрид, повеќе години работи за овој моден бренд, чиј главен дизајнер од 2014 година е познатиот Џон Галијано.

Синоќа на наградите „Тони“ за достигнувањата на Бродвеј, најмоќната жена во модниот свет и главен уредник во американското списание „Вог“, Ана Винтур, на црвениот тепих се појави во долг црвен фустан кој беше целосно покриен со комлексна плетка во крем боја од дизајнерот Бимбилоски.

Ана не ги изостави препознатливите очила за сонце, а покрај неа беше ќерка и Би Шафер во креација од „Александар МекКвин“.

Инаку, Ристо Бимбилоски e еден од нашите најуспешни креатори со светска кариера. Има стекнато големо искуство во модните куќи „Кензо“ и „Луј Витон“, има соработувано со светски познатиот дизајнер Марк Џејкобс и има одржано ревии во Њујорк и во Берлин. Негови модели се појавиле во бројни едиторијални во познати списанија и блогови. Креации со негов потпис носеле бројни светски ѕведи, меѓу кои пејачката Кети Пери, Кортни Лав, познати актерки, познатата Парис Хилтон и блогерките Тави Гевинсон, Сузи Бабл.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …