„Роналдо во Барселона? Сега е моментот за таква лудост!“


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Бившиот кандидат за претседател на Барселона и член на бордот на директори, Тони Фрејша денес за шпанските медиуми лансираше вистинска „бомба“.

Тој изјави дека сега е идеален момент Каталонците да се обидат да го донесат на „Камп Ноу“ Кристиано Роналдо.

„Ако има вистински момент за таква „лудост“ тоа е сега“, одговори Фрејша на прашање за Роналдо.

„Чави дојде со овој план за казнување на играчите. Мислам дека се обидува да ги убеди во неговиот план и во неговиот начин на игра. Мислам дека сака тие да уживаат во нивниот фудбал“, истакна меѓу другото Тони.