Роналдо, друже, доста ти беше тебе – дајте друго дете!


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Кога на тимот од Јувентус ќе му биде досуден слободен удар кој е во шутерската зона на противничкиот гол, при изборот за изведување на истиот, Кристиано Роналдо секогаш има предност да бира дали ќе шутира пред Миралем Пјаниќ и Пауло Дибала. Но, бројките велат дека славниот Португалец веќе за џабе ја има таа привилегија, бидејќи неговата статистика за успешно изведени слободни удари е очајна.

Роналдо и денес важи за еден од најдобрите фудбалери на модерниот фудбал и еден од најдобрите во историјата, а ваквиот статус носи и одредени привилегии. Во Јувентус тој е прв изведувач на слободни удари и има предност пред Миралем Пјаниќ и Пауло Дибала, кои исто така располагаат со одличен шут.

Но статистиката на Кристијано Роналдо е очајна, откако се пресели во Торино, нема постигнато гол од дури 38 обиди. Неговите удари најчесто завршуваат во живиот ѕид, така беше и против Лион, кога CR7 имаше обиди од прилично солидни позиции но не успеа да ја помине ниту првата пречка.

Дали егото треба да биде ставено на страна за доброто на тимот, или Кристијано Роналдо треба да продолжи да изведува слободни удари сепак е работа на Маурицио Сари и раководството на Јувентус.