ПСЖ повлекол потег – на Меси му испратиле финансиска понуда подобра од онаа на Барселона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Договорот со Барселона на фудбалската икона Лионел Меси истече на крајот од претходниот месец и тој оттогаш официјално е слободен играч без договор со некој клуб. Сè уште не се знае каде, според многумина најдобриот фудбалер на сите времиња, ќе ја продолжи кариерата.

Нема многу клубови кои ќе ги задоволат финасиските апетити на Меси, а наводно во игра за неговиот потпис се вклучува ПСЖ.

Според пишувањата на шпанските медиуми ПСЖ стапил во контакт со агентите на Меси и на маса веќе има понуда. Од финансиска страна, барем како што тврдат шпанските медиуми, е многу подобра од онаа на Барселона.

Дали Аргентинецот ќе се согласи на оваа понуда нема брзо да дознаеме со оглед на настапот на Меси со репрезентацијата на Копа Америка.