Home Актуелно Грција ги забрани пластичните производи за еднократна употреба – чиниите, сламките, стиропорните садови одат во историјата

Грција ги забрани пластичните производи за еднократна употреба – чиниите, сламките, стиропорните садови одат во историјата

Пластични производи за еднократна употреба како што се прибор за јадење, чинии, сламки, чаши, производи од стиропор, кутии за храна од стиропор, стапчиња за уши, капаци за чаши, од денеска се забранети за употреба во Грција, согласно законот што важи во сите земји од Европската Унија, јави дописничката на МИА од Атина.

Конкретниот закон, во Грција беше изгласан во октомври 2020 година, а од февруари, државниот сектор во земјата повеќе не користи пластика за една употреба.

Од Министерството за животна средина на Грција, соопштуваат дека согласно студиите на европско ниво, 80-85 отсто од морскиот отпад пронајден на плажите во Европската унија е пластика, а 50 отсто се пластични производи за еднократна употреба.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…