ПСЖ отвора нова страница во историјата: Прва средба на Нејмар и Мбапе


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ПСЖ ова лето ги изработи двете најсензационални трансфери, откако во своите редови најпрво го донесоа Нејмар, а неодамна и Килијан Мбапе.

Секако, сите поддеднакво одвај чекаме овој тандем заедно со Кавани да ги гледаме во врвот на нападот во францускиот гигант.

По репрезентативната пауза, играчите се вратија во своите екипи, па така денес по првпат Нејмар и Мбапе тренираа заедно.

Првата средба на Нејмар и Мбапе ги интересираше многумина. Имено, играчите срдечно се поздравија се прегрнаа и накратко позборуваа, пред тренерот Емери да го започне тренингот.

„Мојата желба е да постигнам многу голови и да му помогнам на Нејмар да ја освои Златната топка. Би бил многу среќен кога би можел тоа да го направам за него“, истакна Мбапе по првиот тренинг.