Предлогот за распишување на оглас за нов јавен обвинител изгласан во Собрание


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Собранието на вчерашната седница го изгласа предлогот за распишување на оглас за именување на нов јавен обвинител.

Предлогот го поддржаа 61 пратеник од мнозинството, а пратениците од опозициската ВМРО ДПМНЕ ја напуштија салата додека траеше гласањето.

Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ претходно побара гласањето да биде в понеделник, бидејќи, како што рече, претходно со претседателот на Собранието, Талат Џафери, констатирале дека нема мнозинство.

Ставањето на оваа точка на гласање, според Димовски значи прекршување на членот 8а од Изборниот законик.

„Ве информираме дека ако го прекршите дадениот збор дека седницата ќе ја продолжите в понеделник, за време на гласањето ќе излеземе надвор од салата“, рече Димовски пред гласањето.

Џафери му одговори дека по нивниот разговор, координаторите на пратеничките групи го информирале дека парламентарното мнозинство е обезбедено и затоа свикал седница.