Home Шоубизнис Дав Камерон откри зошто го избрала Кени Ортега да ја води свадбената церемонија со Дамијано Давид

Дав Камерон откри зошто го избрала Кени Ортега да ја води свадбената церемонија со Дамијано Давид

Дав Камерон уште долго пред венчавката со Дамијано Давид знаела дека сака Кени Ортега да ја води свадбената церемонија.

Таа и Ортега се запознале за време на подготовките за снимањето на оригиналниот филм на Дизни канал, „Наследници“, во кој Камерон ја толкувала главната улога на Мал.

Ортега бил режисер, кореограф и извршен продуцент на сите три филма од трилогијата „Наследници“, објавени од 2015 до 2019 година.

Тој е познат и како режисер и кореограф на трилогијата „Средношколски мјузикл“, како и на филмовите „Девојките Чита 2“, „Њузис“ и „Хокус покус“. Работел и како кореограф на повеќе филмски класици од осумдесеттите, меѓу кои „Валкан танц“, „Убава во розово“ и „Слободниот ден на Ферис Бјулер“.

Во разговор за „Коветер“, Камерон полушеговито го објаснила својот избор: „Кој е поголем шоумен од Кени Ортега?“


Извор: Just Jared

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Рик Флер итно пренесен во болница откако откри дека има тромб во ногата

Легендата на WWE, Рик Флер, според медиумските извештаи, е хоспитализиран во Флорида само …