Протекуваат детали на сите страни: Еве кој број на дрес ќе носи Меси во ПСЖ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меси и ПСЖ постигнаа конечен договор, тоа е денес главната вест помеѓу сите најпознати медиуми и новинари.

Веќе се открива и кој број на дресот ќе го носи. Меси во ПСЖ нема да ја носи „10-ката“, таа ќе остане на грбот на Нејмар. Во ПСЖ Меси ќе игра со бројот 30 со кој настапуваше во неговите први две сезони во Барселона.

После „30-ката“ Меси две сезони носеше „19-ка“, а од сезоната 2008/2009 играше со бројот 10.