Нобел

Претставен тестерот за коронавирус кој за 5 минути детектира присуство на коронавирус

Првиот човек на САД, претседателот Доналд Трамп, на синоќешната прес-конференција пред новинарите го претставил новиот брз тест кој за само 5 минути открива дали сте позитивен на коронавирус. На тестерот му се потребни неколку дополнителни минути за негативен резултат на коронавирус.

Досегашните тестови, развиени во лабораториите, своите резултати ги даваат за четири до 8 часа.

Трамп на пресот пред Белата куќа пред новинарите ја отвори кутијата од компанијата „”Abot” (Abbott Laboratories)“ и на новинарите им го покажа брзиот нов тест, „касетата за тестирање“. Овој преносен уред „ ID NOW”,се користи во болниците, ординациите и клиниките. Компанијата „ Абот“ соопшти дека следната недела новиот тест ќе биде достапен во неколку избрани здравствени установи за идна медицина.

Од компанијата „АБОТ“ истакнаа дека Управата на САД за храна и лекови минатата недела им доделила итно одобрение за производство на „тест на база на влошки“-cartridge. Од компанијата велат дека нивниот тест дава негативен резултат за 13 минути кога вирусот нема да биде откриен.

Advertisements
To Top