Ватикан испаничен: Кардиналот Анџело заразен од коронавирус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Паника се крена во Ватикан откако кардиналот Анџело Дe Донатис доби позитивни резултати на тестирањето за коронавирус, пренесува CNN.

Де Донатис бил примен во болница со грозница, но од црквата велат дека состојбата му е стабилна.

Кардиналот Анџело е викар во Рим и е еден од најважните луѓе во католичката црква.

„Смирен сум и самоуверен. Му се препуштив на Бог“, рекол кардиналот.

Папата Франциск во 2018 година го прогласи Де Донатис за кардинал, а италијанските медиуми пишуваат дека двајцата редовно се гледале во изминатиот период. Исто така, локалните медиуми наведуваат дека сите соработници на кардиналот веќе се ставени во самоизолација откако се покажал позитивен на тестот.