Прелчец, најдобриот голгетер на велешки „Борец“ за другата страна на коронавирусот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Никола Прелчец е најдобриот голгетер и играч на велешки Борец кој до прекинот на сезоната освои 27 бода и се наоѓа на претпоследното место на табелата.

Прелчец до прекинот постигна девет гола, што е скоро половина од головите на Борец сезонава и сигурно дека тој ќе биде еден од најзаслужните ако Борец се избори за опстанок во друштвото на најдобрите.

Во овие моменти кога спортот е прекинат, Прелчец е прилично активен на социјалните мрежи на главната тема во овие моменти – коронавирусот.

СПОРТСКИ.МК разговараше со него и на нас тој ни го објасни неговиот став за целата ситуација.

„Кога статисички ќе погледнеме колкава е смртноста во една година (околу 500.000) во однос на короната гледаме дека тука нешто не е во ред, па се прашувам зошто сме во карантин? Македонскиот инфектолог др. Вело Марковски изјави дека ова не е карантинска болест. Хрватскиот др. Сречко Слаџолиев јавно зборуваше дека ова е измама од глобални размери. Тој е доктор кој сам си вбризга вакцина против свински грип и докажа дека вирусот не е смртоносен бидејќи владата во Хрватска сакаше да нарача 400.000 вакцини“.

„Италијанскиот политичар и застапник Витори Сграби ја обвини владата На Италија дека лажат и изнесе податоци од италијанското здравство кои покажуваат дека 96.3% од луѓето умреле од други патологии, а на нив како причина им е препишана короната. Постојат многу други доктори од Германија, Америка и светот кои зборуваат за тоа, но тие не може да ги видиме на меин стрим медиумите. Како што не може да ги видиме протестите во Германија, Дранција и Америка поради ситуацијата“.

„Очигледно Новак Ѓоковиќ неодамна ја допре сржта па го нападнаа политичарите, новинарите…Кога кажа: Сакаат да ни наметнат вакцина, јас сум за право на избор. Значи кој сака нека се вакцинира, кој не не мора. И јас се сложувам со него. Кого го интересира може да ги провери овие податоци. Мило ми е што Шведска, Белорусиј и некои други земји не го прифатија ова што ни се наметнува. Во мојата Хрватска дневно без работа остануваат 500 до 1000 луѓе. Тоа може да стане голем проблем!“

Дали е подобро во Македонија?

„Секој ден кризниот штаб објавува бројки и го плаши нарадот, а самиот страв може да доведе до разни болести. Не држат затворени на вакво убаво време по 3 дена, „одлично“. Дали е можно на 20 и неколку степени луѓето да носат маски и да дишат свој воздух? Дали е можно полицаецот да не уапси затоа сме четворица во парк??? Место да ги советуваат луѓето да одат покрај река, езеро, на планина да дишат свеж воздух кој е потребен да се подобри имутитет ние сме затворени во четири ѕида“.

Играњето фудбал во Белорусија?

„Белорусија во овие моменти заработи многу пари од тв правата, а јас би сакал тоа да бевме ние“.

Како се справува Борец со ситуацијата?

„Борец е сосема коректен кон нас, ни стои на услуга ако нешто ни треба. Имаме програм, тренираме индивидуално и со нетрпение чекаме лигата да продолжи. Ништо не ни фали освен слободата и фудбалот“, заврши Прелчец.