Повеќе од половина клубови од Серија А бараат казна за Јувентус, Милан и Интер за учество во Суперлигата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


11 клуба од Серија А потпишале писмо со барање да се казнат Јувентус, Милан и Интер за учеството во Суперлигата.

Суперлигата која траеше само 48 часа покрена лавина реакции во фудбалска Европа, последната вест доаѓа од Ииталија.

Дури 11 од клубовите од Серија А побарале казна за Јуве, Милан и Интер.

Но, Лега Серија А засега не се изјаснува и се очекува само да ги опомени бунтовниците, а не и да ги казни.

Клубовите кои го потпишале писмото се Рома, Торино, Болоња, Џенова, Сампдорија, Сасуоло, Специја, Беневенто, Кротоне, Парма и Каљари.

Со нив не се согласуваат Наполи, Лацио, Фиорентина, Аталанта и Верона.