Попов, Седлоски и Ѓуровски – експертскиот тим на „Спортски.мк“ за Македонија на ЕП


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Maкедонската фудбалска репрезентација ja чека настапот на Европското првенство на кое ќе игра во група со Австрија, Украина и Холандија.

Првенството го започнуваме на 13. јуни против Австрија, на 17. играме со Украина, а на 21. со Холандија во Амстердам. Со цел да ви го доближи настанот во текот на првенството, за порталот Спортски.мк стручни анализи за Македонија ќе прават три прославени имиња во македонскиот фудбал – Горан Попов, Гоце Седлоски и Марио Ѓуровски.

ГОРАН ПОПОВ

Горан Попов е еден од најпознатите македонски фудбалери, а познато е дека тој имаше прилика да заигра во силната Премиер лигата во дресот на Вест Бромвич Албион, во овој клуб настапуваше од 2012 до 2014 година. Дебито во ПЛ го направи на 30. септември 2012 година против Астон Вила. По ВБА следуваше епизода во Вардар каде што ја заврши кариерата. Во кариерата настапуваше уште за Беласица, АЕК, Звезда, Динамо Киев, Херневен…Сигурно дека со неговото искуство ќе ни го доближни настапот на нашата репрезентација.

ГОЦЕ СЕДЛОСКИ

Гоце Седлоски е фудбалерот кој е на второто место по бројот на настапи за репрезентацијата на Македонија одигра точно 100. Пред него е само актуелниот капитен на репрезентацијата Горан Пандев. Седлоски беше лидер на оваа листа се до натпреварот во Љубљана против Словенија кога Пандев го одигра 101. натпревар во репрезентативниот дрес. Во играчката кариера Седлоски настапуваше за Победма Хајдук, Шефилд Венздеј, Динамо Загреб…Денес е тренер на екипата на Шкупи во македонското првенство, по тоа што и денес работи како тренер сигурно дека може да очекуваме одлични анализи.

MАРИО ЃУРОВСКИ

Марио Ѓуровски исто така е поранешен македонски репрезентативец, а денес и тој работи како тренер. Ѓуровски потекнува од славна фудбалска фамилија, негов чичко е познатиот Бошко Ѓуровски. Ѓуровски во кариерата настапуваше за Црвена Звезда, Војводина, Банког Јунајтед…Најголема трага остави во Муантонг Јунајтед каде што денес е и тренер и мора да се признае дека му оди одлично на клупата на овој тим. Тој е нашиот најмлад аналитичар во нашиот експертски тим, но со оглед каков фудбал игра Мунатонг Јунајтед под негово водство имаме што да очекуваме и од Ѓуровски