Шамар за Макрон (снимка)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Претседателот на Франција, Емануел Макрон, доби шамар од маж за време на официјална посета на Дром, регион на југоистокот во Франција.

Според видеото кое се рашири на социјалните мрежи, Макрон се приближува до ограда зад која стојат луѓе, кога еден од присутните го фати за рака и потоа му удри не така силен шамар.

Обезбедувањето веднаш го тргна Макрон настрана, а двајца се уапсени во врска со инцидентот, според француските медиуми. Кога човекот му удри шлаканица на францускиот претседател, се слушна извик „Долу Макронизмот’.