Home Шоубизнис Почина култната милијардерка Глорија Вандербил

Почина култната милијардерка Глорија Вандербил

Познатата милијардерка, бивша манекенка, писателка и модна дизајнерка, Глорија Вандербилт, која беше едно од култните лица на американската богаташка елита, почина на 95-годишна возраст.

Глорија Вандербилт е легендарна претставничка на американското високо друштво, наследничка на милијардерот Реџиналд Клејпул Вандербилт. Веста за нејзината смрт за јавноста ја објави нејзиниот најмлад син, познатиот водител на CNN, Андерсон Купер , кој откри дека дури овој месец откриле дека неговата мајка има ретка форма на рак на желудникот.

Славата и фамата околу името на Глорија Вандербилт почнаа да се вртат уште во 30-те години од минатиот век, додека уште беше девојче, кога нејзината мајка и тетка и се бореа да станат тутори над неа, откако по смртта на таткото наследи огромно богатство. Во 1970-тите години се прослави со модна линија на џинс.

Љубовниот живот на Глорија со децении ги полнеше насловните страни на најпопуларните американски таблоиди и забавни списанија.

Беше во врска со легендарни фаци како Френк Синатра и Хауард Хјуз, а во брак со композиторот Леополд Стоковски и режисерот Сидни Ламет.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дакота Џонсон со шеги ги спаси непредвидените моменти на настанот за „The Invite“

Дакота Џонсон водеше разговор со екипата на „The Invite“ во Лос Анџелес, но доцнењето на О…