Пијачка од пенџере: Во Чешка не се чека во редови за леб, туку за пиво (снимка)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Приватните мали производители на домашно пиво во чешкиот град Острава, поради ситуацијата со пандемија на коронавирусот, наместо да го истураат пивото кое не можат да го нудат во пивниците поради рестриктивните превентивни мерки со кои се затворени тамошните угостителски објекти, истото го нудат на улица за „багателна“ цена.

Поточно, тие го даваат пивото на улица по принципот „дај колку што ќе дадеш“, а Чесите буквално во редови чекаат за да земат од пивскиот пијалок за евтини пари.