Го преживеало леденото доба, а сега е на работ на изумирање


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најретките видови на дрво на планетата Земја – Widdringtonia wallichii, е изворот на името на планините Кедерберг во западен Кејп на Јужна Африка. Овој вид на дрво го има само таму и никаде на друго место во светот.

Домородниот вид создаден пред 225 милиони години го преживеал Леденото доба. Но, тоа денес се соочува со голема опасност и неговата иднина е под знак прашање.

За последните 17 години, за судбината на кедарот се грижи Рика ду Плесис. Низ целата историја, честата сеча се заканувала за опстанок на кедарот, а денес се соочува со друг проблем.

„Климатските промени на Земјата ги зголемија просечните температури и ги намалија врнежите од дожд. Недостатокот на дожд предизвикува земјата да се исуши, што е една од причините што не можат да се развиваат млади кедрови дрва. Глобалното затоплување претпоставува појава на пожари, а штом огнот ќе го допре дрвото, тоа умира “, вели Ду Плесис од владината организација за заштита на природата КејпНатур.

Активистката за диви животни вели дека овој дел од Африка некогаш бил прекриен со кедар, а денес дрвото може да се види само во високите планински области. Ретко расте кај карпите заради недостаток на вода. Постојат околу 13.500 единки на ова дрво во дивината.

Со намера да ги спаси од истребување, организацијата CapeNature разви скица за садење дрвја. Тоа е деликатен процес кој започнува со собирање семе. Семето се користи за размножување во расадници, а потоа малите стебла се садат на карпести површини каде што почнуваат да живеат.

„Понекогаш мора да се искачиме нагоре по планината. Нема патишта, така што сè што е потребно за да засадиме дрвја е она што го носиме со нас. Во некои случаи, носиме вода за успешно садење на садниците. Работата е тешка, но имам посветен тим”, вели Ду Плесис.

Таа лично учествуваше во садењето на повеќе од 13.000 стебла. Дали расадот ќе се прифати, е многу неизвесен процес. Инаку едно дрво може да живее и до 1 000 години.