Денеска во Скопје пристигна првиот дел од италијанската донација од 250.380 вакцини на компанијата „Фајзер“ (втората пратка пристигнува в среда, 9 февруари). Ова е најголемата донација досега направена од една земја за Македонија, како што најави министерката за внатрешни работи на Италија, Лучана Ламорџезе, при нејзината посета на земјава при крајот на минатата година. Донацијата од Министерство за надворешни работи …