Понеделничка временска прогноза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска, 7. февруари, времето во Македонија ќе биде претежно облачно, попладне почнувајќи од западните делови со врнежи од дожд, а на планините од снег. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места.

Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, каде ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови, кој кон крајот на денот ќе се промени во северозападен и ќе засилува вдолж Повардарието, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 5 до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно, попладне со врнежи од дожд, пообилни во доцните попладневни часови. Во текот на ноќта во делови од Скопската котлина врнежите ќе преминуваат во снег. Претпладне ќе дува слаб до умерен југозападен, а попладне и кон крај на денот засилен северозападен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 10 степени.

Утре ќе дува силен северен ветер, температурата ќе се намали, а претежно во планинските подрачја ќе провејува слаб снег. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура, информираат од УХМР.