Сенегал е нов фудбалски шампион на Африка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Сенегал стана нов фудбалски шампион на Африка, откако по подобро изведување на пенали го победија Египет и го освоија Африканскиот куп на нации. Натпреварот во 120 минути игра немаше голови.

Сенегал во своето трето финале дојде до првиот трофеј на Африканскиот куп на нации. Садио Мане го доби дуелот со својот клупски соиграч Мохамед Салах.

Сенегал уште во седмата минута можеше да дојде до водство, но Садио Мане не реализираше пенал.

Во продолжението од натпреварот и двете репрезентации имаа свои шанси за гол, но голманите беа фантастични и не дозволија нивната мрежа да се затресе, не само по 90 минути игра, туку по 120.

Откако и во продолженијата немаше голови, пеналите требаше да го решат победникот.

Во ударите од белата точка, Египет двапати промаши, Сенегал само еднаш и на крајот тие се репрезентацијата која се радува на својот прв трофеј шампион на Африка.