Најголемиот на сите времиња го најави своето повлекување од натпреварувачките тениски води, со тоа најавувајќи и крај на една импресивна и неверојатно богата и возбудлива професионална тениска натпреварувачка кариера.
Најголемиот на сите времиња го најави своето повлекување од натпреварувачките тениски води, со тоа најавувајќи и крај на една импресивна и неверојатно богата и возбудлива професионална тениска натпреварувачка кариера.
Денешниот септемвриски петок во Македонија носи сончево и натпросечно топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во крајните западни подрачја ќе има повремен локален дожд. Во Скопје, сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност и со …
Стеауа и Динамо, двата градски ривали од Букурешт, моментално се далеку од европскиот фудбалски крем и играат во втора романска лига. Ситуацијата во која се најде некогашниот фудбалски гигант од Романија, Стеауа Букурешт, тешко некој може да ја разбере целосно. Пред неколку години клубот доживеа колапс па од целиот хаос и стечај настанаа два клуба со што околу клубот со …
Жителите на Велика Британија и околните земји од вчера стојат во редови со цел да оддадат почит на покојната кралица Елизабета Втора. Би-Би-Си ја пренесуваше церемонијата во живо, каде нејзиниот ковчег го чуваат кралските гардисти. Но, синоќа се случи инцидент кога кралски гардист падна крај ковчегот. Во видеото објавено на Твитер се гледа како гардист најверојатно поради замор од долгото …
Поради недостиг на регуларно обучени војници и доброволци кои би можел да ги мобилизира за војната во Украина, Кремљ излегува со нова тактика. Видео од главниот финансиер на озлогласената група „Вагнер“, Евгениј Пригожин како врбува група затвореници да учествуваат во војната, ветувајќи им слобода по шест месеци се прошири по медиумите. „Никој не се враќа назад зад решетки. Ако добро …
Џими Акесон, лидер на националистичката популистичка партија Шведски демократи, прогласи победа на десничарскиот блок на изборите одржани во Шведска изминатиот викенд, а премиерката Магдалена Андерсон го призна поразот. Со речиси сите преброени гласови, десничарскиот блок од четири партии, во кој се и Шведските демократи, освои тесно мнозинство во шведскиот парламент со 349 места. Десничарскиот блок освои 176 места во парламентот …
Автомобилскиот свет ја дочека ремиерата на првото подигнато Ферари со два реда седишта и два пара врати. Откако речиси сите се наредија во понудата на супер престижни теренци, Ферари пристигна и покажа што може да понуди. Очекувано, Ferrari не загризал премногу во SUV-манијата, туку го замислил својот подигнат модел како тркачки GT, го растегнал за дополнителен пар врати и потоа …
„Генералниот секретар на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус денеска изјави дека светот никогаш не бил во подобра позиција да стави крај на пандемијата на Ковид – 19. Тој ги повика земјите да истраат во борбата против вирусот од кој починаа повеќе од шест милиони луѓе. „Сè уште не сме таму, но крајот е на повидок“, рече Тедрос на …
Синоќа се играа натпревари од второто коло во Лигата на шампионите и ова беше вечер во која не видовме многу голови, а имаше неколку изненадувања. Во дерби средбата вчера вечерта Манчестер Сити со пресврт сигна до победа против Борусија Дортмунд од 2:1. Белингам го отвори резултатот во 56. минута, а Сити до пресврт стигна со двата гола во последните десет …
Согласно податоците на американското министерство за труд, растот на потрошувачките цени во САД благо попуштил во август, но сепак се задржал над нивото од 8 отсто, поддржан од поскапувањето на храната и енергијата. Индексот на потрошувачките цени покажал раст во август за 0,1 отсто во однос на јули кога цените стагнирале. Во однос на минатогодишниот август потрошувачките цени во најголемата …
Летото сè уште нема официјално започнато, но модната сцена веќе има јасни сигнали за …