Home Спорт Со дуел помеѓу „ѕвездите во подем“ започна популарниот НБА Ол-стар викенд

Со дуел помеѓу „ѕвездите во подем“ започна популарниот НБА Ол-стар викенд

Изминатата ноќ, во Солт Лејк Сити, со дуелот помеѓу „Ѕвездите во подем“ започна, за љубителите на кошарката возбудливиот годишен спектакл, познатиот Ол-стар викенд.

Овогодинешното натпреварување на НБА ѕвездите на Истокот и Западот беше замислено поинаку. Се формираа четири екипи, се одиграа полуфинални натпревари, а потоа и финалето.

Настапија кошаркари кои ја играат првата и втората сезона во НБА лигата, како и кошаркари од Г лигата. Тимовите ги предводеа Пау Гасол, Жоаким Ноа, Џејсон Тери и Дерон Вилијамс.

Во првата полуфинална средба, тимот предводен од Пау Гасол го победи тимот на Вилијамс со 40:25, додека тимот на Ноа победи со 40:32 во вториот.

Во финалето, кое се играше до 25 поени, „Тим Пау“ го совлада „Тим Ноа“ со 25:20, благодарение на клучната тројка на Хозе Алварадо, кој ја освои титулата МВП на натпреварувањето на „Ѕвездите во подем“.

Ноќта меѓу сабота и недела на програмата ќе биде „натпреварот во вештини“, потоа натпреварот во брзо шутирање три поени, натпреварот во забивање, додека ден подоцна, ноќта меѓу недела и понеделник, ќе се игра натпревар да се игра помеѓу „Тим Леброн“ и „Тим Јанис“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…