Мек МекКланг е новиот крал на забивањето во НБА (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Викендов во фокусот на светската кошаркарска и спортска јавност е самитот на моментално најдоброто од НБА под превезот на „Ол-стар“ викенд.

А во сиот овој спектакл еден млад кошаркар, малку познат во јавноста, убедливо триумфираше во натпреварот за најатрактивни забивања.

Мек Мекланг (24) во моментов е член на тим од развојната Г лига, но под договор со Филаделфија ’76, па од таа причина можел да се пријави за натпреварот. Дури ни самите НБА кошаркари не го знаат.

Мекланг во моментов сезонава игра за Делавер Блу Коутс, а во финалето на турнирот за најатрактивни забивања го разби Треј Марфи од Њу Орлеанс Пеликанс. Претходно тој куцаше подобро и од Кенион Мартин Џуниор од Хјустон Рокитс и од Џерихо Смит од Њујорк Никс.

Мекланг блесна со забивање „хеликоптер“, па потоа со две раце во 360′ степени вртење, за да на крај ја потврди доминацијата како најдобар забивач во моментов во цела НБА со асистенција од еден пријател кој држеше баскет над глава, а Мекланг го прескокна и заби со двете раце зад глава.

Интересно, Мекланг потоа облече средношколска униформа и заби со едно ипол вртење во воздух.

Сите судии до еден, предводени од легендарниот Карл Мелоун го оценија со максимален број поени. Заслужено Мекланг победи на турнирот.