Со барање за исплата на септемвриските плати, вработените во Македонски Пошти втор ден штрајкуваат пред сите подружници на компанијата низ целата земја. Платите им доцнат 5 дена, а велат 2.200 семејства се во исчекување на овие средства. Доколку парите не ги добијат до вторник, ќе излезат на протест пред Владата. Дали нивното барање ќе се изреализира до вторник е неизвесно, …