Британската премиерка Трас поднесе оставка – го имаше најкраткиот мандат во британската историја од само 45 дена


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Британската премиерка Лиз Трас поднесе оставка од премиеската функција 45 дена откако стана премиер, односно 44 дена откако се сретна со покојната кралица Елизабета во Балморал за да побара од неа да формира влада.

Трас имаше веројатно најкраткиот мандат на функцијата, бидејќи вториот најкраток мандат го имаше Џорџ Канинг, чие премиерство траеше 118 дена пред да умре ненадејно во 1827 година.

Да потсетиме, Трас стана премиер на почетокот на септември, а таа се бори за политички опстанок откако нејзиниот министер за финансии Кваси Квартенг на 23 септември објави „мини-буџет“ со големи даночни намалувања, што ги потресе финансиските пазари.

По таа објава, трошоците за задолжување на Британија се зголемија, загрозувајќи го пазарот на недвижнини и дополнително ги влошија трошоците за живот.

Трас имаше најлош рејтинг од кој било британски лидер во последните децении.

Таа се откажа од најголемиот дел од најавената политичка програма, а вчера остана без министер за внатрешни работи, една недела откако го разреши министерот за финансии.

Конзервативните пратеници вчера отворено се судрија во парламентот, по неуспешното гласање за фракинг што некои го сметаа за гласање за доверба на нејзината влада