Основачот на технолошкиот гигант Фејсбук, Марк Закерберг, јавно призна дека најпознатата социјална платформа Фејсбук „направила грешки“ во случајот на аферата со Кембриџ Аналитикa. Закерберг во прилично долгиот пост на Фејсбук напиша дека се случило „прекршување на довербата“ меѓу креаторот на апликацијата Александар Коган, фирмата Кембриџ Аналитикa и Фејсбук. Но, тој додаде и дека се случило кршење на довербата меѓу Фејсбук …