Home Спорт Вардар оваа сезона трет најгледан клуб во Европа!

Вардар оваа сезона трет најгледан клуб во Европа!

Вардаровите играчи пристигнаа во Келн за два дена започнува фајнал-фор турнирот во Келн на кој Вардар ќе ја брани титулата освоена минатата година.

Актуелниот шампион Вардар оваа сезона е трет најгледан клуб во Лигата на шампионите.

Во просек на натпреварите во Лигата на шампионите кои Вардар ги игра во Спортскиот центар „Јане Сандански“ присуствуваат 5.168 гледачи по натпревар.

Како што кажавме Вардар е трет по гледаноста а пред него се ППД Загреб и Кил.

Најгледен е германскиот Кил кој во својата „Шпаркасен Арена“ скоро секогаш игра пред полни трибини (просек од 9.387 гледачи). Втор на листата ППД Загреб кој и покрај скромните резултати во просек го гледаат 6.663 навивачи на трибините во „Арена Загреб“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…