Home Вебкафе Еднаш не беше доволно: Повторно искршено казино во Струмица! (видео)

Еднаш не беше доволно: Повторно искршено казино во Струмица! (видео)

Познатиот кршач на казина во струмичко заврши во притвор откако пред два дена уништил уште едно казино во градот. Овојпат штетата се осум слот апарати и една рулет машина во казиното на компанијата „Мастербет“. 49 годишниот маж ја користел веќе препознатливата техника. Откако играл во казиното, го внел копачот и почнал да мава по апаратите.

За случајот е обвинето уште едно лице на возраст од 34 години за помагање при вршење на делото.

Првиот инцидент во струмичките казина се случи пред два месеца кога приведениот со копач го демолираше казиното Сенатор во Струмица, а по неколку дена и казиното Адмирал. Во трите казина засега штетата е проценета на околу 6 милиони денари.

ИЗВОР: Телма

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Маса за една личност: Зошто вистинското уживање е да јадеш сама во ресторан?

Од општествена осуда до вистинско уживање во времето на самотија Сѐ почесто, психолозите и…