Од семејна куќа во прилепското село Кривогаштани разбојници украле околу 20 илјади евра. Кражбата е извршена ноќеска во периодот од 03 до 08 часот во домот на 60-годишниот М.Ш. Разбојникот со употреба на сила влегол во куќата од каде ги одзел парите. Увид извршила екипа од полициската станица Прилеп. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на …