Фатени на плажа: Шон Пен и неговата девојка која е возрасна колку и неговите деца (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Славниот глумец го дочекува својот роденден на омилениот хавајски остров, Оахо, во друштво на својата девојка Лејла Џорџ.

Иако денс полни 58 години, тоа Шон Пен не го спречи да се заљуби во 32 години помладата Лејла, исто така актерка, пишува Сан.

Парот е фатен како ужива на плажа на островот Оахо. Додека Оскаровецот шеташе и гордо ги покажувате мускулите, неговата девојка уживаше на сонцето, и не обрати внимание на фотографите.

Иако заедно се веќе две години, ретко се видени во јавност, а дури повремено папараците ги наоѓаат во приватни моменти.

Лејла Џорџ, како и Шон Пен, заљубена е во глумата, што ја наследила од своите родители, актерот Винсент Д’Онорфи и актерката Грета Скаки кои се во исти години како и избраникот на нивната ќерка.

Лејла е првата девојка со која славниот актер е поврзан откако пред три години раскина со актерката Шарлиз Терон. Пред тоа беше во брак со пејачката Мадона, со која и денес е во добри односи, како и со актерката Робин Врајт со која турбулентниот брак го заокружи во 2010. година по 14 години.

https://twitter.com/paranoidliotta/status/1029504130593710081