Живот

Јаглените хидрати не се непријатели: Распознајте ги лошите од добрите јагленихидрати

Поголемиот дел од диетите советуваат да се откажеме од јаглените хидрати.

Иако често се прозиваат како опасни по нашата линија и дека можат да не здебелат, јаглените хидрати се неопходни за нашиот оргазнизам за да може нормално да функционира.

Јаглените хидрати се одличен извор на енергија кои прават телото да биде раздвижено и да се троши, а се разградуваат во гликоза која е омилено гориво за мозкот. Не се сите јаглени хидрати исти, туку некои се подобри од другите.

Лошите јаглени хидрати се едноставни, изградените јаглени хидрати кои содржат дополнителни шеќери. Некои од најлошите се белиот леб, колачите, газираните сокови, енергетските пијалоци и белата паста. Внесот на овие јаглени хидрати се само непотребни калории. Тоа не значи дека треба да се препотувате кога ќе одлучите да јадете некое благо од време на време.

Постојат и добри јаглени хидрати чиј извор се целите житарици, овошјето и зеленчукот. Тие се добри бидејќи се богати со влакна и хранливи состојки, а многу содржат магнезиум, протеини, и важни витамини и антиоксиданси.

Во добрите јаглени хидрати спаѓаат: киноа, овесните каши, пуканките, црниот грав, леблебија, јаболки, банани, моркови и сладок компир. Ним им треба подолго време да се сварат и претворат во шеќери.

Јаглените хидрати треба да сочинуваат 45 до 65% од дневниот внес на калории. Обратете внимание на податоците кои се наоѓаат на некои пакувања од производите кои ги купувате.

To Top