Конечно откриено: Еве како туморот со толкава брзина се шири низ човековото тело


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Во прашање е тема која веќе со децении ги збунува експертите, а сега конечно е откриено како и зошто ракот толку брзо се шири низ човековото тело.

Туморите успеваат да се провлечар низ крвните садови со помош на сила која е 200 пати поголема од онаа која ја применуваат обичните келии, гласи резултатот од студијата на Универзитетскиот Колеџ во Лондон.

Причина за ова е што келиите на канцерот имаат повеќе рецептори на својата површина, што им дозволува да се здружат и да функционираат како една силна единица.

Блокирањето на овие рецептори би може да го спречи ширењето на ракот низ телото, тврдат истражувачите.

За да се тестира силата на здравите и канцерогените келии, истражувачите направија посебен микроскопски уред, сличен на даска за скокање во базен, со која се мери силата на келиите.

Резултатите покажаа дека келиите на ракот на градите буткаат со сила која е 20 пати поголема од оние кои имаат здрави келии.

Кога ќе се здружат, келиите на ракот создаваат сила која им дозволува на туморите да ги пробијат слабите точки во крвните садови.

А пробивањето на крвните садови дозволува канцерогените келии да се шират по остатокот на човечкото тело.