Лена д Плаг и Адам22 навестија дека се смириле, еден месец откако објавија дека се разделиле.
„Навистина му дадов втора шанса на овој човек. Те молам, немој да ја упропастиш 💋 Среќни 10 години, @adam22 ❤️“, напиша 35-годишната ѕвезда на Онлифанс во саботата, 24 октомври, во заедничка објава на Инстаграм со 42-годишниот Адам.
Претходно, во јули, Лена тврдеше дека некој се обидел да поднесе барање за развод во нејзино име.
„Минатиот месец ја проверив поштата и најдов куп документи што судот ги одбил. Некој се обидувал да поднесе барање за развод во мое име“, рече таа во видео на социјалните мрежи. „Тој човек ги има сите тие податоци и приложил чек на 435 долари. Кога го видов името на чекот, малку се испаничив, бидејќи се сетив на него… Тоа е истото име што ми го кажа полицијата кога двапати доаѓаше кај мене дома за да провери дали сум добро, откако некој се јавил и тврдел дека сопругот ме малтретира.“
„Воопшто не се разведувам. Го сакам сопругот. Заедно сме 10 години. Знам дека сите го чекате нашиот крај, но тоа не се случува. Тој ден не дошол. Дознав дека се разведувам во исто време кога дознавте и вие. Ова е многу чудна ситуација. Искрено, да не ми се случеше мене, немаше да поверувам“, додаде таа.
Но во септември Адам соопшти дека тој и Лена „официјално се разделиле“.
„Се соочивме со одредени проблеми и засега решивме да направиме пауза во врската“, објасни тој во својот подкаст „No Jumper“. „Дали повторно ќе бидеме заедно? Секако дека постои таква можност.“
Адам рече дека проблемите во нивната врска почнале набргу по раѓањето на ќерката Паркер во ноември 2020 година. Двајцата се во врска од 2016 година, а се венчаа во мај 2023 година.
„Во изминативе неколку години, особено откако добивме дете, мислам дека најголемиот проблем веројатно беше мојот начин на живот, во кој сè се вртеше околу снимањето подкасти по цел ден, секој ден, без навистина активно да учествувам во семејниот живот“, призна тој. „Добивме дете, а таа практично ги презеде сите родителски обврски.“
„Во еден момент ми рече: ‘Знаеш, ти мислиш дека твојата одговорност во оваа врска е да одиш на работа и да се вратиш дома’. Не можев ништо да одговорам“, се присети Адам.
Извор: US Weekly