Спорт

Зошто Реал Мадрид не купува? Ова е причината!

Фудбалскиот свет е изненаден од неактивноста на Реал Мадрид на трансфер пазарот и се прашува зошто „кралевите“ не се засилуваат и после заминувањето на Кристиано Роналдо.

Весникот „Марка“, кој е секогаш добро информиран за случувањата во „кралскиот“ клуб, ја откри причината и таа се вика – Нејмар.

Имено, Реал Мадрид во моментов располага со буџет од 300 милиони евра, но и покрај тоа воопшто не троши. Целиот тој буџет е наменет за Нејмар, кој е голема желба на претседателот Перез.

Трансферот на бразилската ѕвезда е многу комплициран, па Реал се надева на финансискиот фер-плеј, кој може да ги поремети плановите на ПСЖ. Следната недела ќе се знаат имињата на клубовите кои ги нарушиле правилата на ффп, а „Марка“ тврди дека ПСЖ секако ќе биде на тој спосок.

Трансфер пазарот во Шпанија завршува на 31-ви август, па Перез до последниот ден ќе се обиде за 300 милиони евра да го донесе Нејмар на „Сантиаго Бернабеу“.

To Top