На кривогаштанец од дома му украле 20.000 евра


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Од семејна куќа во прилепското село Кривогаштани разбојници украле околу 20 илјади евра. Кражбата е извршена ноќеска во периодот од 03 до 08 часот во домот на 60-годишниот М.Ш.

Разбојникот со употреба на сила влегол во куќата од каде ги одзел парите.

Увид извршила екипа од полициската станица Прилеп. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.