Индиец сакаше да допре крокодил, брзо зажали поради тоа (ВИДЕО)


Меси против Левандовски -11 ден ↓↓↓



Еден Индиец мислеше дека ќе биде добра идеја да се доближи со крокодил и да го допре.

Крокодилот, кој потекнува од рурален дел во Бангладеш, изненадувачки го гриза за рака.

Рептилот веднаш се одалечи од местото, обидувајќи се да се скрие во мочуриштето, очигледно стравувајќи од луѓето кои сакаа да го фатат.

Масата викаше и се обидуваше да му пресуди на рептилот, но изгледа не успеаа во тоа.

Нападнатиот Индиец беше сериозно повреден, но успеа да избегне сериозни последици. Одведен е во болница на понатамошно лекување.

Видеото се прошири низ социјалните мрежи, а наиде и на бројни критики.

„Крокодилот добро направи. Тој тоа го заслужува. Човекот требаше да го остави животното на мира, а не да го чепка“, „Овој маж треба да биде приведен од индијската полиција, поради вознемирување на дивите животни. Ве молам уапсете го“, се само дел од коментарите.

Уште не е познато дали полицијата презела акција против човекот на снимката, но во минатото властите беа многу строги кон оние кои се обидуваат да ловат дивеч или несовесно се однесуваат кон животните на тоа подрачје.

https://youtu.be/GR6kxlpVoi8